Две деца ограбени во кругот на училиште во Центар, разбојниците имале нож

Две жени од Скопје синоќа пријавиле во полиција дека нивните малолетни синови биле ограбени од двајца разбојници, во кругот на училиште во центарот на градот, соопшти МВР.

„Вчера во 21.50 и во 22.50 часот во Полициската станица Центар,46-годишната И.И и 61-годишната Ј.Т.Ј пријавиле дека нивните малолетни синови се ограбени во кругот на основно училиште во Центар. Грабежот го извршиле други двајца малолетници со закана со нож“, се вели во соопштението.

Од полицијата велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи: