Тешка железничка несреќа се случи во 6:30 часот по локално време во Турција. Брзиот воз, кој сообраќал од Анкара кон централната провинција Конва удрил во локомотива која служи за инспекција на пругата. Како што јави Анадолија два вагони од возот излетале од шините. Бројот на жртвите се зголемува и според последните податоци, во неа загинале девет лица, меѓу кои и тројцата машиновозачи, соопшти министерот за транспорт Џахит Турхан. Како што прецизно објасни тој брзиот воз ја напуштил станицата во Анкара во 6:30 часот, а околу шест минути подоцна се судрил со локомотивата.
Министерот Турхан соопшти дека се хоспитализирани или им се укажува лекарска помош на 47 лица и воедно им посака брзо опоравување.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.