Властите на регионот Перм, каде што се наоѓа рудникот, утрово соопштија дека спасувачките екипи досега ги пронашле телата на осуммина од загинатите рудари, додека по деветиот и натаму се трага. Причините за пожарот, кој избувнал на длабочина од 340 метри во рудникот, засега не се познати.
Рудникот за калиумов карбонат се наоѓа во близина на градот Соликамск, на околу 1.500 километри североисточно од Москва и е сопственост на руската компанијата „Уралкалиј“.