Девојка изела колач во ресторан и починала! Ана (20) со момчето била на вечера кога започнал ужасот

Ана Белисарио (20) почина на 5 февруари минатата година во болницата Сан Рафаеле во Италија, откако доживеа анафилактичен шок додека вечераше со своето момче во ресторан за брза храна во Милано на 26 јануари.

Русија воведе привремени ограничувања за извозот на збогатен ураниум во САД
Русија, која е најголемиот светски снабдувач на збогатен ураниум, објави дека воведува привремени ограничувања на извозот на збогатен ураниум во САД, симболичен потег откако САД …
Косовски Србин уапсен поради ланскиот напад врз припадници на КФОР на протестите во северно Косово
Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека, по неколкумесечна истрага, во соработка со косовската полиција, денеска во регионот на Митровица уапсило лице кое се сомничи за …

Покрената е истрага за смртта на 20-годишната девојка, бидејќи Ана била алергична на млечни производи, а и’ бил послужен тирамису десерт кој бил направен со млеко, а воедно таа била и веган.

Две жени кои водеа слаткарница и беа одговорни за снабдување на ресторанот со десерти се под истрага за убиство од небрежност. Прелиминарната истрага сугерира дека осомничените ја измешале нарачката за вегански слатки со десерти што содржеле млеко, што резултирало со фатален исход за младата девојка, пишува италијанскиот дневен весник „Кориере дела сера“.

Во извештајот од истрагата се тврди дека компанијата не спречила мешање на две производни линии во лабораториската слаткарница, која во тоа време снабдувала 63 италијански ресторани со веганскиот производ Тирамису.

Во реконструкцијата, која беше направена во понеделникот, речиси една година по смртта на Ана, обвинителите тврдат дека не се почитувало одвојувањето на состојките и дека персоналот не добил соодветна обука, освен четиричасовен курс.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.