Вистинско чудо е што можат да извадат докторите од дишникот и дишните патишта на децата. За среќа, само мал број од случаите на голтање на мали предмети завршуваат фатално.
Телевизија Канал 5 објавува сторија „Страшно – што се докторите извадиле од дишниците на малите деца?“
Бидете внимателни со изборот на играчки за децата до пет годишна возраст. Многу често ситните делови од играчките привлечни со интересни бои се лесна мета за децата да го пробаат и нивниот вкус.
Во детската болница Козле по десет пациенти неделно завршуваат со заглавени ситни предмети во дишните патишта. Директорот на болницата Козле вели дека родителите треба да внимаваат доколку детето има проблеми со дишење често кашла, а приота е исклучена состојбата да е настинато.
Целиот прилог на канал 5, погледнете го во продолжение