Демант на изјавата на Славјанка Петровска од синдикатот НСПВ

Демант на изјавата на Славјанка Петровска дадена на ден 06.11.2024 г.
до медиумите

Почитувана г-ѓа Петровска,

Како прво, НСПВ е синдикат и треба да знаете дека како синдикат имаме право да критикуваме работодавец во Министерство за одбрана и да бараме подобрување на правата за припадниците на Армијата и МО, посебно да критикуваме две години игнорирање на проблемите на професионалните војници.

Како второ, наместо да се запишете во историјата на Република Македонија како единствен министер што го решил статусот на 3000 професионалните војници и нивната иднина, Вие со вашите постапки на блокирање и опструирање на синдикатот се одлучивте за негативен рејтинг и најверојатно ќе бидете запамтени како единствен министер на НАТО земја која блокирала синдикат.

Штета што како дипломиран правник не знаете што сте прекршиле , па еве со извадоци од споменатите закони и колективни договори ќе Ве потсетиме што прекршивте со вашите постапки
Закон за работни односи – член 186, 195 и 198,
Колективен договор на МО – член 110 и 114,
Општ колективен договор за јавен сектор – член 32,
Конвенции на МОТ – С87 член 3 и 4, итн

Во врска со Вашата изјава дека со сите синдикати сте преговарале за Колективниот договор , НЕ Е ТОЧНО, бидејќи не прифативте ниеден предлог на НСПВ за новиот КД за подобри права на сите припадници, и тоа може да се увиди од нашето барање.

Пријавата до ОЈО Скопје не е од материјална природа , туку финансиските средства од членарината на професионалните војници ја сопревте и незаконски ги чувавте средствата за на крај да ги префрлите на лице кое направило криминал и не е овластено лице и претседател на синдикатот.

Госпоѓа Петровска три пати размислете пред да се заканувате со тужби, Вие го нарушивте угледот и честа на сите членови на синдикатот, бидејќи за Вашите постапки имате и јавно признание дадено на 22.01.2024 на интервју за емисијата 360 степени на МРТ.

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НСПВ
​​​​ Александар Насковски

Пронајдете не на следниве мрежи: