Времето денеска ќе биде облачно, постудено и ветровито со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено претпладне, а најизразен ќе биде вдолж Повардарието. Дневната температура нема многу да се разликува од утринската.
Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје, Охрид и Битола 6 степени Целзиусови, Маврово 0, Кавадарци 7, Крива Паланка и Берово 5, Дојран 9 степени.
И утре времето ќе биде умерено до значително облачно со слаб до умерен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 0 степени во Маврово, 4 во Берово, Охрид 6, Битола 7, до 8 степени во Скопје и 10 во Дојран.
За време на викендот температурати повторно ќе бидат над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.
По одделни котлини повторно ќе има услови за појава на магла и ниска облачност.