Посебен сообраќаен режим ќе се воведе денес и утре во период од 14:00 до 22:00 часот поради одржувањето на Европското атлетско екипно првенство во националната арена “Тоше Проески“ во Скопје.
За сообраќај ќе биде затворена улицата позади западната трибина на националната арена “Тоше Проески“, соопштуваат од МВР и апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.