Денес не купувајте горива, од полноќ ќе поевтинат

На денешната седница на Регулаторната комисија за енергетика се очекува да се донесе одлука за значително поевтинување на бензините и дизелот.
За две седмици, колку што трае пресметковниот период податоците од берзата во Лондон покажуваат дека суровата нафта поевтинила за повеќе од 5 долари по барел. Според тоа се очекува дека и кај нас малопродажните цени на нафтените деривати ќе се намалат за повеќе од 3 денари за литар. Па, да почекаме до полноќ од кога и ќе важат новите цени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.