Денес времето во земјава ќе биде претежно облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од 4 до 12, а дневната 10 до 17 степени Целзиусови.
И во Скопје и околината ќе биде претежно облачно со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе се искачи до 16 степени.
Викендов ќе преовладува претежно облачно време и ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Во понеделник под влијание на нов влажен бран се очекуваат врнежи на повеќе места кои во западните делови ќе бидат пообилни. Од вторник ќе има пораст на дневната температура.