Денес преку ден сонце, попладне дожд – еве какво време не очекува утре на 1 мај, секоја година исто разочарување…

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и релативно топло. Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд со грмежи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне до 22 степена.
Според прогнозата на УХМР, во наредните денови во попладневните часови на места ќе има повремени врнежи од дожд.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.