Во земјава времето денес претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови облачноста ќе се зголемува, особено во западните и северните делови на земјава, каде ќе има услови за нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се движи помеѓу 13 до 21, а највисоката дневна од 30 до 38 степени Целзиусови. УВ индексот ќе има вредност 8.
И во Скопје и околината ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе изнесува 20, а максималната 35 степени. УВ индексот ќе биде 8.
Од утре до вторник во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветрот. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме и со појава на град.