Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена локана облачност и со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Локално, особено во југозападниот дел од земјава ќе има услови за локален дожд со ретки грмежи. Максималаната температура ќе се движи од 18 до 24 степени Целзиусови.
И утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. На повеќе места ќе има услови за краткотрајна појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Во четврток не очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Времето и во петок ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Во сабота пред Велигден времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме.