Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Попладне и претежно во планинските делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Минималната температура ќе достигне 10, а максималната 25 степени Целзиусови.
И во Скопје, сончево со мала облачност поизразена во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.
Утре од претпладне особено на запад ќе дува засилен западен ветер и ќе има услови за краткотрајна нестабилност преследена со пороен дожд и грмежи. Потоа ќе продолжи период на малку посвежо време со повремено зголемена облачност и краткотраен пороен дожд претежно попладне. Преодна краткотрајна стабилизација на времето се очекува во петок кога и температурите малку ќе се покачат.