Денес во земјава времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне и кон крајот на денот ќе има услови за локален дожд. Утринската температура ќе се движи од 10 до 19 степени, а дневната од 24 до 34 степени Целзиусови. УВ индексот ќе бележи вредност 7.
И во Скопје и околината ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне и кон крајот на денот ќе има услови за локален дожд. Утринската температура ќе достигне до 16 степени, а дневната до 30 степени. УВ индексот ќе биде 7.
Oд сабота следува период на стабилно време со постепен пораст на температурата.