Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 септември.
Денеска е Преподобен Харитон Исповедник.
Харитон потекнуваше од градот Иконија, во Мала Азија каде проповедаше апостолот Павле. Харитон се овенча со венецот на исповедништвото во времето на царот Аврелијан кога беше мачен и остана во римските затвори се до смртта на Аврелијан. По излегувањето од затворот, отиде во Палестина и се повлече во пустината Фаран каде што основа манастир. Откако уреди се во манастирот, повторно се повлече во една пустина, во близина на Ерихон. Таму се собраа монаси. На крајот, основа и трет манастир, познат како Стара Лавра. Се успокои во длабока старост, во 350 година. Неговите мошти се наоѓаат во фаранската семејна гробница.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.