ДЕНЕСКА ПЕКОЛНО ТОПЛО: Подгответе се за температурен шок, а од утре целосен пресврт на времето – еве ги деталите!

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со мала облачност и со умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 степени.
За утре, синоптичарите најавуваат нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално можно е невреме, особено попладне.

Пороен дожд и грмежи ќе има и во понеделник, а потоа времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб локален дожд. Дневната температура ќе опадне за шест до осум степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.