Десетици илајди имигранти на јужната граница на САД чекаат да заврши пандемиската забрана за азил

 Десетици илјади имиранти се имаат насобрано на делови од границата на САД со Мексико и од изутринава се надеваат на укинување на Статија 42 од итната здравствена наредба која не дозволуваше да се бара азил во САД. 

Според наредбата, потпишана од поранешниот претседател Доналд Трамп во март 2020 година, пограничните служби можеа да депортираат имигранти во Мексико и во други земји. 

Белата куќа вчера се обрати писмено до Врховниот суд на САД со молба да се укинат овие ограничувања до Божиќ, откако претседателот на Врховниот суд, Џон Робертс, издаде привремена одлука ограничувањата, воведени за време на пандемијата, да останат во сила. Пред Робертс да ја поднесе одлуката, рокот на ограничувањата требаше да истече денеска. 

Поради тоа, од синоќа на полноќ големи групи имигранти започнаа да се собираат крај реката Рио Гранде во Ел Пасо, каде е стационирана Националната гарда на Тексас.  Безбедносните служби ги наведуваа луѓето да ги поминат портите на бодликавите жици , за да се регистрираат групите. 

На спротивната страна, во мексиканскиот град Хуарес, стотици имигранти чекаа во ред надевајќи се дека ограничувањата ќе бидат укинати. 

Во Тихуана, мексикански град на тухоокеанскиот брег, каде околу 5.000 имигранти живеат во над 30 прибежишта, а многумина рентаат соби и станови, синоќа бше тивко, по гласините дека ништо не е променето со законот, јавуваат американските медиуми. Таму се поставени огради од повеќе редови високи 9 метри, што се долж границата со Сан Диего, со што овој дел од пограничната зона е опасен и непристапен за незаконско премеување. 

Од март 2020 година досега од САД беа протерани 2.5 милиони нелегални имигранти, а голем дел од барањата за азил беа одбиеани, врз основа заснована на заштита од ширење на Ковид-19, според Статија 42. 

Моментално се водат натегања меѓу судската и извршната власт ограничувањето да биде укинато бидејќи, како што вели Администрацијата на Бајден во соопштението до Врховниот суд,  „тоа не е решение на проблемот со имиграцијата и не може да биде продолжувано до недоглед, бидејќи опасностите по јавното здравство се надминати“.


Пронајдете не на следниве мрежи: