ДЕСНАТА РАКА НА ПУТИН ГО НАРЕДИЛ УБИСТВОТО НА ЕВГЕНИЈ ПРИГОЖИН!? Планот за ликвидација на лидерот на Вагнер бил подготвуван два месеци

Николај Патрушев, секретарот на Советот за безбедност на Русија, стои зад убиството на основачот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, пишува весникот The Wall Street Journal, повикувајќи се на тврдењата на претставници на западните разузнавачки служби и поранешен руски разузнавач.

Западните медиуми со децении го нарекуваат Николај Патрушев како „десна рака“ на претседателот на Русија, Владимир Путин.

Државна лотарија или приватен бизнис на Мицкоски, Муцунски и Климовски?
Што е мотивот за поставување на Александар Климовски за директор на Државна лотарија на Македонија и кој сѐ е испреплетен во пајажината Касинос Аустриа? На почетокот на август …
(Видео) Пратеник во српското Собрание го гаѓаше со Устав министерот за локална самоуправа
Пратеник од српското собрание го гаѓаше министерот за локална самоуправа со Уставот, објавија српските медиуми. Пратеникот Александар Јовановиќ Ќута ја фрли Збирката на правилници кон клупите каде што …

The Wall Street Journal пишува дека под крилото на авионот што Евгениј Пригожин го носел дома во Санкт Петербург била поставена експлозивна направа.

„Евгениј Пригожин мораше да биде отстранет“, изјавил анонимен функционер на Кремљ.

Евгениј Пригожин

Ликвидацијата била подготвувана два месеци, а планот бил лично одобрен од Николај Патрушев, тврди познатиот американски весник, повикувајќи се на извори во западните разузнавачки служби.

Николај Патрушев, наводно, го предупредил Владимир Путин дека потпирањето на Вагнер во Украина му дава на Евгениј Пригожин премногу политичко и воено влијание и дека тоа претставува закана за самиот Кремљ. По запирањето на бунтот на Вагнер на крајот на јули, Николај Патрушев, според весникот, видел можност еднаш засекогаш да се ослободи од Евгениј Пригожин.

Николај Патрушев и Владимир Путин

Весникот тврди дека Николај Патрушев е тој што ги контролира лостовите на огромната бирократска машинерија што го одржува рускиот лидер на власт и исто така стои зад многу од „најтемните епизоди“ од кои многу завршија со смрт за противниците на Кремљ.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, да потсетиме, на почетокот на октомври изјави дека истражителите пронашле фрагменти од рачна граната во телата на загинатите од авионот во кој беше убиен основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.