На 06.11.2024 во 16.55 часот во СВР Скопје од страна на Бригадата за противпожарна заштита е пријавено дека на територија на Ѓорче Петров има пожар.Од страна на полициски службеници од ПС Ѓ.Петров излезено е на местото на настанот, при што е констатирано дека гори возило “бмв” со скопски таблички, сопственост на М.Ш.(34) од Скопје. Од страна на БППЗ пожарот е изгаснат, а на четири лица им се укажува помош поради вдишување чад.