Детали за сообраќајната несреќа на Партизанска, многу повредени

МВР информираше дека на 08.09.2020 во 07.00 часот на крстосница од бул. „Партизански Одреди“ и бул. „8-ми Септември“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(47) од с.Гарани, кичевско и товарно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(36) од Скопје.


Во незгодата со тешки телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, се здобиле возачот на патничкото возило С.И. и сопатниците во истото возило Б.В.(33) од с.врановци, гостиварско и В.Д.(21) од с.Арачиново, скопско. Додека, со телесни повреди се здобил сопатниците во патничкото возило, М.Х.(32)од с.Врапчиште, гостиварско и С.Б.(47) од с.Брњарци, скопско. И тие биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, велат од МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.