Тој посетил неколку офталмолози и педијатри, но никој не успеа да му постави соодветна дијагноза.
Австралиецот Ксијан Мур, кога имал 14. години, скоро ослепел бидејќи јадел само пилешко, пржени компири, леб и од течности пиел само газиран сок.
Тој посетил неколку офталмолози и педијатри, но никој од нив не успеа да му постави соодветна дијагноза. На крајот, во една болница му рекле дека нервот му е оштетен и дека ништо повеќе не може да се стори за тоа.
Родителите на Ксијан гледале емисија на телевизија за луѓе кои го изгубиле видот, како и нивниот син. Тие купиле авионски билети и се упатија кон Сиднеј да ја видат офталмологот Стефани Вотсон.
„Бевме преплашени дека нашиот син ќе го изгуби видот. Ситуацијата се влошуваше“, рекле родителите.
По прегледот, лекарот открил дека на Ксијан му недостасува витамин А. Се покажало дека момчето од петгодишна возраст јадело само пилешко, помфрит, леб и газиран сок, а исхраната била главниот „виновник“ за губење на видот.
По преземањето на пропишаната доза на витамин А дневно, состојбата на Ксијан значително се подобрила. И’ додека видот на десното око целосно се вратил, левото око било трајно оштетено. Денес, Ксијан јаде здраво, игра фудбал и ужива да се дружи со пријателите.