Детскиот филм „Стакленото момче“ во режија на Самуеле Роси, утре (16 декември) ќе има
истовремена премиера во пет градови низ републиката. Филмот за најмладите ќе биде прикажан
во Кинотека на Северна Македонија (18 часот), Центар за култура "Ацо Шопов" во Штип (19 часот),
Центар за култура Битола (19 часот), Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино (18.30 часот) и
Центар за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш.
„Стакленото момче“ е инспириран од истоимената книга на италијанскиот автор Фабрицио
Силеи, добитник на Андерсоновата награда. Приказната допира важна тема, а тоа е потребата на
децата да го надминат стравот од живеењето со болест, во случајот хемофилија.
Стакленото момче Пино Гамбаси е дете што страда од хемофилија и гори од нескротлива
желба за слободна и бескрајна храброст: решава да ја почне својата авантура во светот и да им
покаже на сите дека може да живее како и секое друго дете.
Филмот е копродукција меѓу Италија, Австрија и Швајцарија. Филмот викендов премиерно
ќе биде прикажан и во киното „Милениум“ во Скопје (18 и 19 декември од 13 часот), а ќе има и
повторна проекција во Центар за култура Битола.
Дистрибутер е „Узенгија“ од Скопје, а дистрибуцијата е поддржана од Италијанската
национална асоцијација на аудиовизуелни индустрии АНИКА.