Додека уживаа на луксузна јахта во Мајами, Викторија и Дејвид Бекам ја покажаа својата врвна форма и опуштено расположение. Поранешниот фудбалер и сопственик на Интер Мајами се сончаше полугола, додека Викторија го привлече целото внимание во кратките шорцеви.Во Мајами, каде што сонцето сè уште е топло како сред лето, Викторија и Дејвид Бекам уживаат на својата луксузна јахта. Познатата британска двојка вчерашниот ден го помина на вода – поранешниот фудбалер, а сега сопственик на фудбалскиот клуб Интер Мајами ЦФ се опушти гола на сонце , додека Викторија шеташе во ултра кратки шорцеви истакнувајќи ја својата витка линија.Дејвид Бекам, иако се повлече од професионалниот фудбал, остана посветен на тренинзите, кои редовно ги споделува со своите следбеници на Инстаграм. Во тие моменти сопругата Викторија често ја презема улогата на камерман, на радост на обожавателите кои уживаат во нивните заеднички објави.За Бекам (49) тренинзите се само дел од рутината што ја посветува на својот изглед.Претходно за Into The Gloss призна дека „позајмува“ креми од Викторија, велејќи дека таа му е извор на квалитетна нега.– Знам дека ги има најдобрите производи – признал Бекам, кој секогаш добро се грижел за својата кожа.Викторија Бекам (50), која често ја следат коментари за нејзината витка линија, овој пат ги покажа нозете во шорцеви, за среќа на многу фанови, се откри половина од задникот.Покрај тоа што се грижи за тренинзите, Викторија следи и специфичен режим на исхрана. Претходно таа откри дека уште од детството се откажала од црвеното месо и млечните производи, а нејзиното дневно мени главно се состои од тост со сол и зеленчук на пареа, зачинет само со оцет.Дејвид на шега додаде дека Викторија само еднаш го изненадила кога побарала да проба нешто од неговата чинија – и тоа кога ја носела нивната ќерка Харпер.– Тоа беше посебен момент, но не се сеќавам што всушност беше – низ насмевка се присетил Дејвид.Од фотографиите јасно се гледа дека Бекамови се во топ форма, што секојдневно го прикажуваат на своите Инстаграм профили, гордо споделувајќи ја љубовта кон здравјето и дисциплината.
Пронајдете не на следниве мрежи: