Дивоградбата на таткото на Алберт Муслиу е класика за тоа како е злоупотребувана категоријата „загрозени етнички права”

Случајот со дивоградбата во сопственост на таткото на Алберт Муслиу е класика за тоа како низ годините е злоупотребена категирјата „загрозени етнички права“, и тоа особено кога се работи за такви права на Албанците во Македонија, пишува на Фејсбук членот на Президиумот на Левица, Реџеп Исмаил.

– Имено, инспектори на Општина Центар, и покрај тоа што двапати се обидуваат да ја рушат дивоградбата споменета погоре, објектот не само што не се урива и продолжува да се гради, туку, и според претседателката на Антикорупциска, уште и мајсторите кои работата таму провоцираат локално население со музика!?

А демократот Муслиу на тоа возвраќа со: „можеби проблемот е тоа што таткоми зборува различен јазик“?!

А нема врска, таткому одлично зборува македонски, ама ете, џокер у ракав, тоа е… – пишува Исмаил.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.