Диета со јаболка: Мени и ефекти од слабеењето

Диетата со јаболка е третман за детоксикација кој вклучува консумирање јаболка во неограничена количина во текот на 3 дена. Оваа диета е рестриктивна и не треба да се продолжува.
Диета со јаболка – Мени и ефекти од слабеењето
Неколку дена пред да ја започнете диетата со јаболка, постепено намалете ги порциите од оброкот што обично го имате. Откажете се од месо, слатки, алкохол, кафе и црн чај целосно. Обидете се да го сведете на минимум внесувањето на сол. Јадете што е можно повеќе зеленчук, овошје и леб од целозрнести житарки и следете ги следниве насоки:
Започнете го денот со чаша вода во која ќе додадете јаболков оцет.
Во текот на денот внесете 2 литри течност. Одбегнувајте јаки чаеви. Се препорачуваат чаеви од билки и овошје.
Јадете го јаболкото со лушпа, таа е богата со диетални влакна и витамини.
Ако не се чувствувате добро, уморни сте или имате главоболка, земете дополнителна ужина. Ако тегобите продолжат или се влошат, прекинете ја диетата.
Погледнете го тридневното мени на оваа диета.
Прв ден
Можете да изедете онолку јаболка колку што сакате. Испијте 3-4 шолји чај од камилица или нане и минерална вода (најмалку 2 литри). Во вечерните часови, може да почувствувате главоболка која е поврзана со намалувањето на шеќерот во крвта.


Втор ден
Продолжете да јадете само јаболка и пиете минерална вода. Може да ви се појави дијареа, која е поврзана со поголемото внесување на растителни влакна во исхраната.
Трет ден
Јадете само јаболка, испијте најмалку 8 чаши течност. Запомнете дека не треба да јадете само свежи јаболка, можете и да ги печете.
По 3 дена, постепено вратете се на секојдневната исхрана, но сепак оброк со јаболка најмалку двапати на ден.
Како да ги вклучите јаболката во исхраната?
Појадок:
Напиток со природен јогурт и јаболко;
Јаболко со кефир и цимет;
Овесна каша со јогурт, сирење и јаболко;
Интегрален леб со бело сирење и јаболко;
Палачинка со сирење и јаболко;
Оризови вафли со јаболко.
Ручек:
Пилешки гради, печени јаболка, кафеав ориз;
Мисиркини гради со печено јаболко, брокула со ориз, салата од кисела зелка;
Лосос на скара со јаболка и кафеав ориз.
Ужина:
Двопек со сирење и јаболко;
Компот од јаболка со цели парчиња овошје;
Природен јогурт/ кефир со јаболка.


Вечера:
Ориз со печени јаболка;
Варен спанаќ со парче леб од целозрнести житарки, печено јаболко;
Шунка во комбинација со печено јаболко.
Ефекти од диетата со јаболка
Ефектите од диетата со јаболка се значајни, иако не се трајни, освен ако не ги промените навиките во исхраната трајно. Според луѓето што се држеле до овој режим на исхрана, за 3 дена може да изгубите дури 5 кг. Јаболката имаат многу малку калории. Во просек една овошка содржи 90 калории. Губењето на тежината со диетата со јаболка е предизвикано од негативната енергетска рамнотежа и губењето на вода од телото. Дневно внесувајте до 1000 калории, иако ова дефинитивно не е доволно за повеќето жени!
Предности и недостатоци на диетата со јаболка
Експертите објаснуваат дека оваа диета може да предизвика замор, нарушена концентрација, дијареа и главоболка. Од друга страна пак, велат дека ги елиминира токсините од дигестивниот систем и го подобрува изгледот на кожата. Со редовна примена, се регулира столицата и се намалува ревматската болка. Оваа диета се препорачува за оние кои имаат проблеми со гастроинтестинални паразити.
Контраиндикации на диетата со јаболка
Запомнете дека оваа диета не може да ја применат луѓето:
со чувствителен стомак,
кои страдаат од чир на желудникот,
кои страдаат од синдром на раздразливи црева,
кои страдаат од заболени црева.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.