Кристина Агилера со години се бореше со вишокот килограми, за на крајот конечно да ја пронајде формулата за екстремно брзо слабеење.
Диетата траела 10 месеци и се одвивала во две фази.
Првата траела 4 месеци и подразбирала:
3 главни оброци и 2 ужини. Дозволено било консумирање само на одредени намирници како пилешко, мисиркино месо и сирење. Од јаглехидратите на менито се наоѓаат компирот и макароните.
Во втората фаза вклучени биле производи чија основна улога била да се намали желбата за благо.
Дозволено било консумирање на мешунки, месо, млечни производи, јајца и сирење. Дозволено е и некое парче црно чоколадо.
Дневниот калориски внес не смее да надминува 1500 калории.
Секој оброк би требало да има 450 калории, а ужините околу 150 калории.
Предлог мени за прва фаза:
Појадок – парче пилешко, порција грашок, зелена салата, компир со средна големина.
Ручек – порција житарки, безмасно сирење, целер
Вечера – 2 варени јајца, парче леб од цело зрно, карфиол
Ужина – зелен зеленчук, тиква, тиквички, домат
Предлог мени за втора фаза:
Појадок – шска свежо шумско овошје, авокадо, овесна каша, јајце, малку кикиритки
Ручек – грав со пилешко или мисиркино месо, парче тофу, леб од цели зрна со паста од бадеми
Вечера – салата со морски плодови, зелено јаболко, манго
Ужина – овошје по избор
Мастите и шеќерите се целосно забранети, а како при секоја диета, се препорачува голем внес на вода.