ДИК ќе мора да интервенира во Избирачкиот список, вели Бошњаковски

Денес владиниот портпарол Миле Бошњаковски во врска со прочистувањето на Избирачкиот список изјави дека се наследени повеќе проблеми и дека надлежните институции треба соодветно да ги адресираат и решаваат.
На денешната прес-конференцијата во Владата, тој посочи дека од 2002 година во Македонија немало попис и дека повеќе од 400 илјади граѓани не живеат во државата, а фигурираат во Избирачкиот список. Тоа секако има импликации на сите изборни и референдумски процеси.
– Постојат повеќе сегменти што треба да се адресираат. Дел од нив се должност на Владата, а дел се должност на други институции. Во Македонија од 2002 година немаме попис, но во моментот течат подготовките во Државниот завод за статистика за одржување на попис. Наследени се повеќе проблеми што треба да се адресираат и да се решат. Свесни сме сите и дека над 400 илјади наши сограѓани не живеат во Македонија, а ги имаме на Избирачкииот список дека живеат во Македонија. И ова си има импликации на сите изборни и рефередумски процеси. Државната изборна комисија во наредниот период најверојатно ќе интервенира во однос на Избирачкиот список. Но и сите институции треба соодветно да ги адресираат овие ситуации за да може се решат.  Не се работи за тоа дали има добра волја ова да се направи, туку дека тоа е прашање на време и приоритети, рече Бошњаковски.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.