Репрезентацијата на Македонија утре од 18:00 часот го игра натпреварот против Ерменија во рамките од Лигата на Нации.
На денешната прес-конференција заедно со селекторот Благоја Милевски присуствуваше и голманот Столе Димитриевски.
„Со Шишковски кој играше во Ерменија разговараме за ерменските репрезентативци и подготвени сме за натпреварот. Секогаш детално анализираме без разлика кој е нашиот противник. Имаме одлична соработна со одбрамбените фудбалери на последните три меча и верувам дека и утре нема да примам гол. Сите натпревари се тешки, за сите се подготвувам на ист начин“, изјави Димитриевски.
Македонија натпреварот го дочекува од првата позиција со седум освоени бода, Ерменија е втора со четири, Летонија има три и Фарски Острови се на последната позиција со два.