Димитријевиќ за Сител: Лидерска средба е неопходна, граѓаните сакаат порака од политичарите дека државата е безбедна

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Граѓаните сакаат да ги видат политичарите заедно на маса, сите лидери на парламентарните партии, и заеднички да испратиме една порака каде што ќе наведеме дека Македонија останува стабилна држава и дека сме посветени на мирот и на соживот, порача генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Александар Димитријевиќ, во вечерашната „Тема на денот” на телевизија Сител.

„Видовме што се случуваше низ улиците и низ целата држава. Лидерската средба пред сè треба да прати неколку пораки, тоа се пораки на мир и на стабилност, да испратиме порака дека државата е стабилна. Граѓаните сакаат да ги видат политичарите заедно на маса, сите лидери на парламентарните партии, сите заедно да испратиме една порака каде што ќе наведеме дека Македонија останува стабилна држава и дека сме посветени на мирот и на соживот. Ја видов реакцијата на премиерот Мицкоски дека размислува, се надевам дека ќе размисли убаво и дека ќе има лидерска средба, бидејќи на државата во моментов и треба една лидерска средба со јасни пораки кон граѓаните да бидат смирени во делот на настаните коишто се случуваа”, рече Димитријевиќ.

Во однос на ставовите на премиерот Мицкоски за дестабилизација на државата, Димитријевиќ посочи дека не треба да се влегува во приказната за дестабилизација, но дека СДСМ изминатиот период континуирано алармираше на нестабилност и насилство на улиците.

„Сите теми поврзани со дестабилизација и се тоа што премиерот го говореше поврзано со тоа во изминатите месеци и сето тоа што ние како СДСМ го говоревме дека има нестабилност на улиците и дека на улиците низ главниот град секој ден има насилство, кулминираше пред некој ден. Токму од тие причини за да не го спомнуваме зборот дестабилизација и за да не влеземе во една таква приказна, повикуваме на лидерска средба на којашто јасно пред граѓаните сите лидери на политичките партии ќе излезат со ставот дека продолжуваме понатаму да го градиме соживотот и дека Македонија е една стабилна држава”, порача генералниот секретар на СДСМ, Александар Димтиријевиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: