„Влегувањето на Динерс Клуб Македонија во НБРМ, значи поголема заштита на членовите, потранспарентна средина на работа, но и можност за проширување на портфолиото на компанијата“, изјавија од Динерс Клуб Македонија
Со задоволство ја информираме пошироката јавност дека со Решение на Народната
банка на Република Северна Македонија од 27.5.2024 година, „Динерс Клуб Интернационал
МАК“ АД Скопје беше запишан во регистарот на платежни институции, кој се води во рамките
на Народната банка. Со ова, компанијата стана прва финансиска институција во државата која
доби одобрение за извршување на платежни трансакции кај коишто паричните средства се
обезбедени со кредитна линија за корисникот на платежни услуги и извршување на платежни
трансакции со платежни картички или слични телекомуникациски, дигитални или
информатички уреди, како и издавање платни инструменти и/или прифаќање платежни
трансакции што одговараат во согласност со новиот Закон за платежни услуги и платни
системи.
Со успешно завршениот процес на лиценцирање во рамките на супервизорскиот
процес кој се одвиваше во изминатиот период, „Динерс Клуб Интернационал МАК“ уште
еднаш ја докажа својата професионалност како прва финтек компанија во нашата држава која
успешно опстојува на домашниот финансиски пазар и која на континуирана основа настојува
да работи на највисоко професионално ниво, преку целосна усогласеност со позитивното
законодавство во нашата држава од областа на финансиите.
„Влегувањето на Динерс Клуб Македонија во НБРМ, значи поголема заштита на членовите,
потранспарентна средина на работа, но и можност за проширување на портфолиото на
компанијата. Ние сме горди на овој значаен чекор, а ни претставува особена чест од
причина што оваа година е токму јубилејна година на нашата компанија. Со ваквото
постигнување, нашите членови можат да бидат уверени во својата сигурност и
безбедност во вршењето на финансиските трансакции, а нас ни овозможи да продолжиме
да ги унапредуваме нашите услуги. Воедно, се заблагодаруваме на нашите членови и
партнери за нивната континуирана поддршка и доверба во изминатите 30 години”,изјавија од Динерс Клуб Македонија.