Директор на католичкото училиште за девојки во Регенсбург напиша писмо во кое ги предупредува родителите да не ги пуштаат нивните ќерки сами да одат до училиште. Писмото ги шокирало родителите, но портпаролката на полицијата смета дека е оправдано, пренесува Fenix-magazin.de.
Имено, католичкото женско училиште во Регенсбург (Баварија) е идилично лоцирано веднаш до паркот на замокот каде што била резиденцијата на кнежевското семејство Турн и Таксис.
- Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождовиДве недели по разорните поплави во источна Шпанија, метеоролошките служби ги предупредија граѓаните- прочитај повеќе
- Два хороскопски знаци кои сакаат да глумат жртвиВеројатно сите знаеме луѓе кои претпочитаат да ги нагласат грешките што им се- прочитај повеќе
- Сиљановска Давкова-Орбан: Изразена надеж за фер процес на пристапување во ЕУ што ќе го почитува дигнитетот на македонските граѓаниПретседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени- прочитај повеќе
- Единственото нешто што Цеца побарала во затвор: Стражарите ѝ забранувале, а политичарот се шокирал кога слушнал што сака (фото)Серијата „Сабја “ отвори некои стари рани од минатото и ја врати Светлана Цеца Ражнатовиќ во центарот- прочитај повеќе
- Австралија не ги забрани само социјалните мрежи за деца под 16 години- нема Јутјуб, PlayStationИмено, како дел од предложениот Закон за онлајн безбедност се планира забрана на- прочитај повеќе
Во писмото од 30. јануари, д-р. Ханс Линднер, директор на „Marien Oberschule & Realschule“ пишува:
„Без оглед на времето од денот, вашите ќерки треба да одат до училиште во групи и да користат само добро осветлени улици“.
Писмото звучи шокантно, но според портпаролката на полицијата Корин Вајлдтиер, директорот има легитимна причина да го напишал.
„Католичкото женско училиште се наоѓа недалеку од централната станица во Регенсбург. Зелените површини во близина на главната станица ги сметаме за приоритетна област поради високиот степен на криминал“, изјави портпаролката на полицијата Корин Вилдтиер.
Германските медиуми јавуваат дека на крајот на јануари во близина на училиштето се случило силување. Во притвор се и двајца осомничени Тунижани (20 г., 22 г.).
Директорот на училиштето Ханс Линднер пишува дека и шеталиштето „Фурст-Анселм“ и, не помалку важно, областа на железничката станица се жаришта на криминал, дури и во текот на денот, и покрај зголеменото присуство на полицијата и безбедносните служби.
„Тоа значи дека ученичките не се безбедни, иако таму има повеќе полицајци!“, нагласува тој.
Директорот за „Mittelbayerische Zeitung“ објасни дека не сака да шири паника и дека нема инциденти со ученички:
„Тоа беше чисто превентивно писмо“, вели тој.
Меѓу осомничените има многу Тунижани
Во 2023 година, случаите на, меѓу другото, сексуални престапи и физички повреди во Банхофсвиертел значително се зголемија. Bild дознава дека очигледно има многу Тунижани меѓу осомничените. Во 2023 година, според податоците на полицијата, тие се најголемиот број осомничени негермански.
Во моментов се гонат 25 Тунижани од блискиот центар за бегалци – главно за злосторства во близина на железничката станица. Овие рочишта се одржуваат кратко време по извршувањето на кривичното дело, а казните не можат да бидат подолги од една година.
Во 2022 година околу главната станица се регистрирани 748 кривични дела, а во 2018 година 875.
„Бројките за оваа 2023 година на подрачјето на станицата ќе ги надминат бројките од претходните години“, вели портпаролката на полицијата.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.