Директорите на Фејсбук и Твитер на сослушување во Конгресот на САД

Директорите на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер денеска се сослушувани од страна на американски сенатори кои се обидуваат да ги искоренат руските оперативци и други агенти кои се обидуваат да влијаат на претстојните избори во Конгресот.


Во минатата година Конгресот упати остри критики кон компаниите за социјални медиуми, бидејќи доказите покажаа оти тие биле искористени во наводните напори на Русија да се меша во претседателските избори во 2016 година. Специјалниот советник Роберт Мулер обвини 13 Руси за вмешаност во наводниот заговор за нарушување на изборите во 2016 година со креирање на лажни профили на социјалните мрежи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.