Дисциплинска за полицајците кои беа на смена кога поминал Груби

Двајца полициски службеници ќе се соочат со дисциплински постапки а едниот од нив е суспендиран откако внатрешната контрола на МВР утврдила дека не постапиле во согласност со правилата во моментот кога екс вицепремиерот Артан Груби ја поминал границата на Блаце.

Еден од нив е полицискиот службеник кој работел на пасошка контрола. Тој не ја испочитувал целата постапка и не почекал системот да ги исфрли потребните информации пред да му го врати пасошот на Груби. Вториот полициски службеник е раководителот на смената кој иако знаел не преземал ништо за да им овозможи на полициските службеници функционални лични камери.

Груби и Бајрами и натаму се во бегство најверојатно во Косово. Адвокатот на Бајрами, Антонио Апостолски вчера за Сител рече дека неговиот клиент не е во бегство туку подолг период не живее во Македонија додавајќи дека најдобро ќе биде тој да се врати во земјава и да се соочи со судската постапка.

Пронајдете не на следниве мрежи: