Дијана ОГ стана од интервју бидејќи не и се допадна прашањето за проституција

Неодамна во естрадниот магазин Бекстејџ ја разработија темата за Онлифенс – платформа за возрасни која најчесто ја користат модели и инфлуенсери, а и други помалку или повеќе познати личности меѓу кои и музички артисти, со тоа што на неа објавуваат експлицитна содржина со нивни  голи фотографии. Времињата се такви какви што се – се’ потешки… Животот станува се’ поскап, трошоците се’ повисоки, стандардот се’ понизок, а можностите за зароботка речиси никакви.
Токму тоа е причината зошто поголемиот дел од нив се одлучуваат на овој чекор. На истата тема,  решија да поразговараат со Дијана ОГ, зошто се решила да отвори Онлифенс, но и колкава е нејзината заработка.

Познатите одговараа на прашањето: Дали Онлифенс го сметаат за легална проституција, па ја прашаа и Дијана дали таа се занимава со нешто слично, по што следуваше бурна реакција стана, го напушти интервјуто и си замина.

Новинарите се тука за да постават прашање,а јавните личности треба да се навикнат дека не се тука само за фалење, туку и за критика кога е потребно. Дијана со нејзината постапка покажа дека сеуште не знае што е шоубизнис, но ние нема да и замериме со оглед на нејзините години, само во иднина нека научи како да се однесува со новинари и пред камера.

„OnlyFans“ на некои многу добро им помага во зголемувањето на банкарската сметка…, а најмногу на оние кои покажуваат малку повеќе, но не од животот, туку од телото.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.