ДКСК потврди дека ќе отвори предмет за куќата на Халкидики

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе отвори предмет за куќата на мајката на сопругата на претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, купена пред половина година во местото Елани на Халкидики, потврдија денеска од ДКСК.

ДКСК потврди дека ќе отвори предмет за куќата на Халкидики

Од таму нагласуваат дека можност да го проверат случајот има дава членот 96 од Законот за спречување на корупцијата.

Член 96 од ЗАКОНОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА И СУДИРОТ НА ИНТЕРЕСИ

Доколку постојат докази дека член на семејството
или блиско лице на службеното лице, се стекнал со
значителен имот за време на вршење на јавните овластувања, односно должности на службеното лице, кој ги
надминува неговите редовни примања, а постои основано сомневање дека службеното лице со намера да го
прикрие потеклото на имотот префлил имот на тој член
на семејството, односно блиско лице, Државната комисија ќе иницира покренување на постапка за испитување на основот на стекнување на имотот на тој член, односно блиско лице.

Порталот „360 степени“ вчера објави дека куќа во местото Елани, на првиот крак на Халкидики, во Грција, од пред половина година се води на име на мајката на сопругата на претседателот на ДИК, Даштевски. Според порталот, 75-годишната пензионерка од Куманово го ополномоштила зетот Даштевски да ја води и да ја заокружи купопродажбата на куќата од 111 квадратни метри чија официјалната вредност наведена во нотарските акти е 110.000 евра.

Александар Даштевски беше избран за претседател на Државната изборна комисија во јануари 2021 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.