Дмитриј Песков: Русија ги осудува претседателските избори во Молдавија како нефер

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија ги осудува претседателските избори во Молдавија како нефер бидејќи стотици илјади Молдавци што живеат во Русија немаат право на глас, а на молдавските граѓани што живеат на Запад им било дозволено да гласаат.„Тоа не може да не влијае на изборните резултати, кои во исто време не може да се сметаат за фер“, изјави Песков наведувајќи дека изборната кампања во Молдавија не може да се нарече демократска и фер, пренесе „Интерфакс“.Песков истакна дека мнозинството Молдавци не гласале за Маја Санда, која беше реизбрана на претседателските избори во неделата, велејќи дека тоа го поткопува нејзиниот легитимитет.

Пронајдете не на следниве мрежи: