Дневен хороскоп за петок, 29-ти март 2024-та


ОВЕН
Искористете ја можноста да ја подобрите финансиската состојба. Деловните предлози и разговори ќе бидат успешни доколку не се инаетите и не си го губите времето. Добро проценете ги вашите опции и не се обидувајте да се надминете себеси. Не оптоварувајте се со обврски што ги надминуваат вашите можности.

БИК
Анализирајте го постигнатото и нужно бидете самокритични за да ги увидите сопствените недостатоци. Размислете за вашите задачи за наредната седмица, поделете ја работата за да имате време за себеси. Професионалниот успех нема да ве одмине.

БЛИЗНАЦИ
Вашата расеаност исчезна. Продолжете со вашата рутинска работа без да се оддалечувате кон страничните активности. Не дозволувајте да ви пречат брзо да ги завршите вашите задачи. Не им советуваме на деловните луѓе да водат разговори поврзани со инвестиции кои треба да ги направат во текот на следниот месец.

РАК
Од утрото се чувствувате енергично и полни со желба за живот и за активна работа. Се зголемува вашата доверба во вашите способности и знаење. Односите со саканите се хармонични и ви носат радост. Размислете да започнете нова работа, бидејќи имате можност да се справите брзо и да им покажете на сите за што сте способни.

ЛАВ
Најмногу ве радуваат материјалните успеси. Не ја губете можноста да добиете нова работа со тоа што премногу долго размислувате за неа. Прифатете ги деловните понуди ако не сте задоволни со платата. На вашето работно место, не се расправајте со колегите. Смирениот тон е вашата сила.

ДЕВИЦА
Денеска сте целосно под владеење на емоциите, што ве спречува да бидете доволно бистри за брзо да сфатите дека ве измамуваат. Не дозволувајте вашите чувства да го попречат вашиот разум да го најде вистинското решение за проблемите. Пред вас се отвораат нови врати, кон нови можности за професионален успех. Искористете ги предностите од нив.

ВАГА
Штом ќе станете, наполнетете се со добро расположение се и погледнете го светот со насмевка. Не се оддалечувајте од фокусот со тривијални работи. Можен е неочекуван пресврт во вашиот личен живот, кој може да се одрази и на вашиот професионален живот. Денот е поволен за откривање работни можности. Прегледајте ги информациите на интернет и објавите во медиумите.

ШКОРПИЈА
Денот е добар за потфати. Неочекувано, веста за уште една интрига ќе ве принуди да го промените начинот на работа. Малку побавно, по неколку разговори, ќе се справите со вашите непријатели. Ќе ви се откријат нови можности за професионални изгледи, кои треба правилно и без брзање да ги оцените.

СТРЕЛЕЦ
Бидете справедливи во односите со вашите најблиски и трпеливо прифатете ги критиките упатени на ваша сметка. Деловните разговори нема да бидат успешни поради несоодветните познанства со идните деловни партнери. Погрешно проценувате како да ги користите континуираните промени. Сепак, ќе се справите со вашата работа.

ЈАРЕЦ
Повторно ќе бидете исполнети со сили и, и покрај неволјите, ќе бидете на ниво во односите. Наутро на работното место заштитете се од несогласувања со претпоставените и колегите. Стабилизирајте го досега постигнатото. Бидете посигурни во сопствените способности.

ВОДОЛИЈА
Бидете внимателни во разговорите на работното место и не бидете премногу отворени. Не ги споделувајте вашите планови за да не бидете измамени од непријателите. Агресивноста и емоциите, вашата желба да блеснете во очите на другите, се причината да дадете заем, што води кон идни финансиски загуби.

РИБИ
Судбината ве зеде под своја закрила и ѕвездите ви ветуваат пријатни моменти. Односите со блиските луѓе се хармонични и засновани на доверба. Со работните задачи лесно ќе се справувате. Ќе сакате да се ослободите од професионалните и лични задачи, но ќе бидете обврзани да одите на работното место.

Пронајдете не на следниве мрежи: