Утрово во 7 часот најниска температура е измерена во Берово – 11 степени, по што следат Маврово со – 10, Крива Паланка со – 8 ,Тетово, Штип и Лазарополе со – 7, Прилеп, Демир Капија, Струмица, Дебар, Виница и Крушево со – 6. Во Скопје Петровец, Претор и Битола се измерени – 5, во Скопје Зајчев Рид и Куманово – 4, а Охрид – 3, во Дојран еден степен, а три во Гевгелија.
Највисока снежна покривка има на Попова Шапка-74 сантиметри, во Маврови Анови 56 сантиметри, во Крушево 21…
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а на југоистокот повремено засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.
И во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне 12 степени.
Утре ќе дува засилен северен ветер и ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд, а на планините локално ќе провејува слаб снег, претежно во северните делови. Потоа, во четврток и петок ќе биде претежно сончево со значителен пораст на дневната температура, особено во петок кога во поголем дел од земјава максималните вредности ќе достигнат меѓу 15 и 20 степени. Повторно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд се очекува во сабота.