Доаѓа Велигден: Треба многу да внимавате во изборот на боите за јајца

Годинава Велигден е на 19-ти април.
Боите за јајца содржат состојки чии ефекти на здравјето не се познати. Во нив има додатоци или адитиви кои инаку се користат во прехранбените производи за да го променат изгледот и својствата на конечниот производ.
Така производите стануваат интересни, посебно за децата. Предизвикуваат емоции, па производот станува попривлечен и посакуваме да го купиме.
Јајцата обично се фарбаат така што се ставаат во обоена вода на некое време, а постојат и поразлични начини како што е триење. Боењето трае пократко ако бојата е поконцентрирана. Со подолго држење во боја истата се врзува со лушпата, а може да се обои и белката.
Во некои бои прво треба да се додаде оцет бидејќи повеќето бои подобро се задржуват за јајцето во кисели течности.


По правило овие бои се излачуваат од организмите или се разградуваат, а тие разградувања може да бидат делумни па може да настанат состави кои може да предизвикаат различни попречувања, како што се алергии, недостиг на концентрација, пречки во дишењето… Затоа со боите треба да се биде внимателен.
Пред бојадисувањето јајцето прво треба да се исчисти со оцет за да се отстрани заштитниот слој на лушпата кој го штити јајцето од надворешни влијанија, како што се бактерии. Вака бојата полесно ќе се врзе за лушпата.
Инаку, Европскиот парламент во 2010-та година одлучил дека на декларацијата за храна, која во себе ги има вештачките бои E102, E104, E110, E122, E124, E129, мора да го пишува предупредувањето: “Може да предизвика пореметување во активноста и вниманието кај децата”.
Тоа е доволна причина критично да се размислува за можните опасности поврзани со користењето на тие адитиви. Меѓутоа, меѓу боите постојат и природни, како што е E101, која, всушност е витамин Б и дава жолта боја.
Природно бојадисување на јајца:
За браон боја се користи лушпа од лук која се вари со јајцата.
Жолта боја може да се добие со куркума, црвена со цвекло, сина од црвена зелка, а виолетова од боровница.
Сината и црвената боја, или Е132 и Е122 можат да предизвикаат алергии, додека синтетичката жолта боја може да предизвика пореметување во активностите и вниманието кај децата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.