Последниот извештај покажал дека банкарството ќе биде следната индустрија која ќе биде погодена од технологијата, а се предвидува дека значаен број на работните места ќе бидат изгубени во следната деценија.
Проценето е дека околу 200.000 работни места ќе бидат заменети со роботи во текот на следните 10 години само во САД.
Технолошката ефикасност ќе резултира со најголема намаленост на вработените во американската банкарска индустрија во нејзината историја, со проценето намалување од околу 200.000 работни места во наредната деценија, се наведува во извештајот Vells Fargo & Co.
Околу 150 милијарди американски долари годишно кои финансиските фирми ги трошат на технологија, што е повеќе од било која друга индустрија, ќе доведе до пониски трошоци.
Вработените во банкарската филијала, кол центри и корпоративни работници ќе се намалат за околу една третина, а помалку ќе бидат погодени работите кои не се под влијание на технологијата како што се продажба и советување, се наведува во соопштението.
„Тоа ќе биде драматична промена во центрите за контакт, а тие се внатрешни и надворешни“ изјавил Мајкл Танг партнер кој ја води глобалната пракса за иновација на финансиските услуги.