Јелена Розга била на само чекор до остварување на својот сон. Таа се подготвуваше по втор пат да ја наполни „Спаладиум арена“ во нејзиниот реден град Сплит, но тоа нема да се случи.
Спектаклот кој беше закажан за 11 февруари е откажан. Од кој причини засега не е познато.
-Драго ми е што сум со вас, иако доаѓам со лоши вести. Ужасно ми е жал што сакав концерт во својот град, но еве можам да потврдам дека истиот со сигурност ќе се случи еден ден во мојот најдраг град, изјавила пејачката за Радио Далмација.
На неа и е многу криво што настанала таква ситуација, не откривајќи конкретно за што станува збор.
-Не се откажувам од тоа да направам концерт во градот во кој сум родена, во кој имам драги пријатели, во кои живеат моите родители. Се радувам за тоа и сите информации ќе ги споделам наскоро со вас, открила таа.
Инаку Розга е првата жена која пред 12 години ја наполни арената во Сплит.
-Не можам да ви опишам колку ми е жал. Дури и датумот го одбравме да биде како пред 12 години. Добивме удар, шамар, не можам да ви опишам колку сум тажна. Толку работевме на овој проект, заклучи пејачката.