Добиени најдеталните фотографии од површината на Сонцето

Американскиот телескоп DKIST (Daniel K. Inouye Solar Telescope) на Хаваите, ги добил најподробните во моментов фотографии од површината на Сонцето, чиешто проучување ќе им помогне на астрономите да ги дешифрираат податоците кои сондата „Parker Solar Probe“ ги доби прелетувајќи низ атмосферата на ѕвездата, објави во средата американската Национална научна фондација (NSF).
На кадрите е прикажана „зовриена“ плазма којашто ја прекрива целата површина на нашата ѕвезда.
„Ова се слики со најголемата резолуција од површината на Сонцето во целата историја. Досега го гледавме само врвот на ледениот брег“, вели шефот на проектот DKIST, Томас Римеле.
Во неговата изјава се истакнува дека благодарение на новите податоци, истражувачите ќе имаат можност детално да ја истражат структурата на ѕвездата и нејзините активности, што особено влијаат врз воздушниот сообаќај, сателитските комуникации и електромрежите на Земјата. Според научниците, овие снимки ќе отворат нова ера во изучувањето на физиката на Сонцето.
„Магнетното поле на ѕвездата сепак останува главниот камен на сопнување за нас. За да ги откриеме најважните тајни на Сонцето, не само што мора да ги земеме предвид неговите најситни детали од растојание на 150 милиони километри, но и многу прецизно да ги измериме јачината и насоката на магнетното поле и на површината и во опкружувањето на вжештената атмосфера на ѕвездата“, истакнал Римеле.


Сонцето претставува вжештена плазма,чиишто горни слоеви постојано се „мешаат“, што во комбинација со високата електрична спроводливост на неговата материја создава силно магнетно поле. Линиите на ова поле честопати ги надминуваат погустите слоеви на Сонцето и ги пробиваат, што доведува до појава на петната, сјаења и моќни коронални ерупции, кои се потенцијална закана за уништување на цивилизацијата и целиот живот на Земјата.
Научниците сѐ уште не можат со сигурност да кажат како точно се појавуваат сите овие катаклизми, а исто така и да ги откријат причините зашто атмосферата на ѕвездата е неколку илјади пати потопла од нејзината површина. Покрај тоа, сѐ уште не е јасно како се раѓа и сончевиот ветер, моќниот проток на топол гас кој постојано се емитира од Сонцето.


Неразбирањето на карактерот на сиве овие феномени, како што истакнува во соопштението Римеле, се должи на фактот дека за да се одговори на сите тие астрофизички загатки, треба да се „види“ како е структуирано магнетното поле на површината на ѕвездата во најмалите детали.
Загатките на Сонцето
Астрономите се обидуваат да ги добијат овие податоци со помош на неколку десетици копнени и орбитални телескопи, како и преку инструментите на неодамна лансираната мисија „Parker Solar Probe“, којашто постојано прелетува низ граничните предели на короната на Сонцето, горните слоеви на неговата атмосфера. Во блиска иднина, како што се надева Римеле, заедничките напори на PSP и IST ќе помогнат да се добие конечниот одговор на ова прашање.
Како што забележува овој астрофизичар, копнениот дел од ова „дуо“, телескопот DKIST, претставува единствен четириметарски телескоп, дизајниран специјално за набљудување на Сонцето. Неговото констуирање на врвот на згаснатиот вулкан Халеакала започна во 2013 година и беше завршено пред само неколку седмици.


За неговото функционирање, инженерите мораа да создадат моќен систем за ладење, способен да изведе околу 13 киловат топлина од огледалото на телескопот, што ги носат со себе сончевите зраци, а исто така и да разработата специјална оптика и суперсензитивни матрици, коишто можат да ги фиксираат и најмалите разлики во светлината на различните точки на површината на Сонцето.

Пред неколку дена астрономите ги добија првите пробни снимки со помош на DKST. Тие потврдиле дека овој телескоп може да прави фотографии на површината на Сонцето со квалитет што е неопходен за да се откријат сите најважни тајни на ѕвездата. На нив, според Римеле, може да се види како плазмата на ѕвездата „сее“ во клетки кои се со размери на големите европски држави,како и да се земат предвид карактеристиките на магнетното поле на Сонцето во близина на ваквите зони.
Во блиска иднина, Римеле и неговиот тим планираат да ја подобрат точноста на DKIST, а исто така да започнат со заеднички набљудувања со „ Parker Solar Probe“ и европската мисија „ Solar Orbite“ чиешто започнување е планирано за почетокот на февруари. Нивната заедничка работа, како што се надеваат астрономите, ќе им овозможќии на научниците да направат голем чекор кон откривањето на механизмите кои го контролираат „животот“ на короната на Сонцето и раѓањето на блесоците на нејзината површина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.