Името на синот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е запишано како управител на новорегистрирана фирма за производство на електрична енергија во кичевски Зајас.
Новата златна грозница сега е ПРОИЗВОДСТВОТО НА СТРУЈА. Нема личност во Македонија која има пари или моќ или и двете што не се зафати да произведува струја…
Шкумбин Ахмети од Зајас е одговорното лице на Друштвото за производство, трговија и услуги „Тхеас Енергу ДООЕЛ“. Сопственик на претпријатието кое извршило упис во изминатите денови е друштвото за консалтинг, посредување, проектирање, инжинеринг и услуги „Архитектас Пројоект Студио“ од Зајас.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.