Добри родители не се само оние кои заработуваат многу пари, туку и кои се тука за своите деца

Нема поголема љубов на светот од онаа на родителите кон своите деца. Да се биде родител значи да се преземе голем чекор и голема одговорност. Растењето и воспитувањето на децата не е воопшто лесно бидејќи тоа не вклучува само материјална сигурност, туку и нивно правилно насочување да израснат во добри, среќни и здрави личности.
Децата се како сунѓер кој впива сè од своите родители. Тие учат од нив, и затоа треба да се биде добар пример за своите деца.
Особено кога се помали, за нив, материјалната сигурност не значи ништо. Ним им е потребна топлина, помош, поддршка и разбирање од родителите и им треба некој кој секогаш ќе се потруди да ги разбере, но и да им посочи кога прават грешка.


Вистинскиот родител не е оној кој само им овозможува скапи алишта или школување во приватно училиште, туку и оној кој не го остава своето семејство во најтешките мигови и кој не им дозволува на децата самите да се носат со проблемите кои не можат да ги носат на свој грб.
Добрите родители се подготвени да вложат напор и време, дури и кога се уморни, само да бидат тука за своите деца. Тие ги учат на вистинските вредности, ставови, начин на однесување и предаденост. Тие се пример за своите деца и пример за добри личности.
Вистински добрите родители се пример за исправен однос во бракот. Тие се оние кои кон својот брачен партнер се однесуваат достоинствено, со почит. Кај нив не постојат погрдни зборови и навреди за својот животен сопатник, никогаш пред децата.
Добрите родители ги слушаат своите деца, тоа што сакаат да го прават и што ги прави среќни, а не креираат некаква слика за своите деца, за тие да го исполнат тоа што родителите го посакуваат или не можеле да го постигнат за себе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.