Договорот за Кипар ги крена европските берзи

Европските акции зајакнаа во понеделникот, надокнадувајќи поголем дел од минатонеделната загуба откако Кипар обезбеди пакет помош за да избегне колапс на банкарскиот систем и можно напуштање на еврозоната.Лондонски FTSE порасна за 0,93 отсто на 6.451 поени, франкфуртски DAX оствари раст од 1,22 отсто на 8.008 поени, додека париски CAC порасна 1,26 отсто, кој изнесуваше 3.817 поени.Рано изутрината Кипар во последен час се договори со меѓународните кредитори за пакетот помош без кој ќе се соочеше со финансиски колапс.Франсоа Дуен, стратег во компанијата CM-CIC Securities во Париз рече дека договорот ја поттикна довербата на инвеститорите дека европските власти се подготвени да го спасат еврото. Тој сепак предупреди дека помошта на инвеститорите не им носи само добри вести.„Добро е што е постигнат договорот. Може да се очекува краткотрајно решавање на проблемите, но и натаму е присутна одредена загриженост во поглед на долгорочната рамнотежа на јавниот долг и растот. Сметаме дека износот за помош не е доволен“, рече Дуен.Тој смета дека одлуката со која сопствениците на обврзници со првенство на наплата во кипарските банки да поднесат товар претставува загрижувачки преседан и дека може да делува како товар за акциите на банките во еврозоната откако ќе спласне еуфоријата поради отстранување на опасноста.Банките во еврозоната, кои држат голем дел од долгот во регионот и кои банкротот на Кипар најтешко би ги погодил, зајакнаа во просек за 1,6 отсто. Цената на акцијата на Commerzbank порасна за 0,68 отсто, на Deutsche Bank за 0,31 отсто. Од француските банки Credit Agricole доби на вредност за 1,16 отсто, а на BNP Paribas за 1,13 отсто. Британски Barclays беше на добивка од 2,28 отсто, а Llouds Banking Group за 1,48 отсто.Телекомуникациската групација Vodafone беше меѓу најголемите добитници, зајакнувајќи за 3,1 отсто темелено врз вестите дека може би ќе го продаде својот 45-отстотен удел во американската компанија Verizon Wireless или да се спои со американскиот Verizon Communicationsom.
МакфаксЕвропските акции зајакнаа во понеделникот, надокнадувајќи поголем дел од минатонеделната загуба откако Кипар обезбеди

Пронајдете не на следниве мрежи: