Додека се разгорува аферата на Северина: Докторот открива загрижувачки детали

Откако е објавена последната серија на експлицитни фотографии на Северина, таа се повлече од јавноста, а единствена изјава даде нејзиниот менаџер Томислав Петровиќ, кој и овојпат како и претходно вината за објавување на фотографиите ја лоцира кај поранешниот партнер на Северина, Милан.
Меѓутоа во јавноста веќе не се шпекулира толку како фотографиите се објавени, туку сега сите се прашуваат од каде потребата на Северина да се фотографира во вакви пози. Психотерапевтот Зоран Миливојевиќ за Блиц објаснува од каде потребата познатите да се фотографираат разголени.
-Северина не е обична личност туку е јавна, која на јавноста и стана позната поради убавината и пеењето. Токму тие две работи се клучни.

Фотографирањето на телото е всушност документ како некој изгледал во одреден момент. За жал убавината на телото со време се губи, минува низ разни фази на стареење и луѓето имаат желба да го овековечат тој период. Во иста смисла луѓето сакаат да се фотографираат голи приватно. Истовремено тие фотографии имаат некоја ер*тска функција во контекст кога се разменуваат со партнерот или потенцијалниот партнер. Ова може да се поврзе и со нарцисоидноста. Луѓето вложуваат во своето тело и ако мислат дека телото им е најголем адут, тогаш се фотографираат, фасцинирани од својата убавина, со што ја задоволуваат таа своја потреба, вели психотерапевтот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.