Во последниве неколку месеци Скопје е позагадено од било кога порано, во трка е со најзагадените градови на светот, а Тетово го следи во чекор.
За градоначалникот Шилегов веќе ве информиравме, си игра игрици на мобилен. Но, погледнете ја фотографијава!
Додека жителите на Скопје се гушат во смог и токсични материи во воздухот, за кои тој не убедува дека не се сите отровни, а низ државата владее општа нехигиена и непочитување на законите за заштита на животната средина, заменик-министерот за животна средина спие на седница на која се дискутира токму за неговиот ресор.
Грижата за здравјето на граѓаните се чини е најздодевната тема, па додека во Собранието се дискутираше за преземање на мерки за намалување на загаденоста во Скопје и Македонија, заменик-министерот за животна средина – заспа!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.