Џенифер Лопез е позната по својата блескава кожа и беспрекорен мејкап изглед, а покрај производите од линијата за нега на кожата, JLo Beauty, неодамна ги откри и омилените производи за шминка, меѓу кои и омилената маскара It Cosmetics Superhero.
Во видеото Beauty Secrets за Vogue, познатата пејачка и актерка, објасни како да нанесете основни производи на лицето, како прајмер, пудра и бронзер а исто така објасни и како ја нанесува шминката на очите.
Таа употребува нежна кафеава сенка за очи како молив за очи, а потоа нанесува маскара It Cosmetics Superhero, која ја нарече „најважниот дел“ од нејзината шминка.
Оваа специјално формулирана маскара има технологија Elastic Stretch која ја обвиткува секоја поединечна трепка и ги издолжува со темен пигмент. Содржи и колаген, биотин, протеини и пептиди кои ги негуваат и зајакнуваат природните трепки и им даваат на очите поотворен изглед.
Маскарата содржи и специјална четка, која обезбедува рамномерно нанесување, ги одвојува и витка трепките.