Францускиот претприемач Марк Симончини неодамна на социјалните мрежи објави видео од еден хотел во кој престојувал ова лето, а истото набрзо станало вирално.
Тој не назначил прецизно каде се наоѓа хотелот, но се претпоставува дека е на Канарските острови, со оглед на тоа дека дадената групација тука има свои објекти. Снимката прикажува неверојатно стампедо за најдобрата лежалка покрај базенот, и тоа од раните утрински часови!
Ова видео е погледнато речиси 15 милиони пати, а предизвика бес и згрозување кај корисниците. Глетката е навистина на работ на гротескно – туристи избезумено трчаат за да го зафатат посакуваното место покрај базенот.
Хотелските работници ги отвораат портите на хотелскиот базен во 7 часот наутро, a од тој момент започнува вистинското лудило – сите брзаат во потрага по најдобрата позиција. Звучи неверојатно, особено што сигурно добро го платиле летувањето, но тоа е вистина.
„Доказ колку ниско може човек да падне“
„Помислете само на ова, некој долетал до тука со авион, за да дојде да трча по лежалки“, „Сè уште не ми е јасно зошто некој доаѓа на одмор и ги поминува деновите покрај базен“, „Која е поентата да патуваш долг пат само за да се бориш со други за лежалка?“, „Ова е лудо однесување“, „Ова ми делува постресно отколку да останам дома и да одам на работа во 6.30 часот наутро“, „Доказ колку ниско може човек да падне“, се само дел од десетиците илјади коментари.
Интересно е што ова е честа практика во повеќето шпански хотели, а летово британските и германските медиуми дури се „препукуваа“ меѓу себе, обвинувајќи ги туристите од другата земја за ароганција и некултура поради „грабежот“ на лежалките.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.